СДСМ обвинува за непотизам во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

 

На претходните обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со реакција се јавија од СДСМ, во испратеното соопштение се вели:

Јавноста и граѓаните очекуваат одговор и конкретни чекори од Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Милошоски.

Мицксоки, Милошоски имате ли образ?

Наместо да се криете до јавноста излезете и повикајте ги своите роднини да се повлечат од работните места во јавната администрација и државните компании, дајте конкретен придонес против непотизамот.

Ајде Мицкоски, повикај го својот братучед да се повлече од ЕЛЕМ турс.

Повикај го и пратеникот Милошовски да ги повлече од работа:

неговата снаа Александра вработена во УЈП,

неговиот вујко Владимир вработен во Катастар,

братучедот на Милошоски, Станко вработен во Централен регистар,

братучедката Елизабета вработена во основно училиште,

неговиот зет Марјан, раководител во МЕПСО.

Доколку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжат со молкот само потврдуваат дека се неискрени, неодговорни и несериозни пред граѓаните.

Борбата против непотизмот започна и враќање назад нема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2019 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега