ВМРО- ДПМНЕ: Вработените во Еурокомпозит две години се лажат од власта, а решение нема

 

Лицемерието на Зоран Заев и СДСМ нема крај. Денеска по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот со заостанатите долгови на фирмата, велат од ВМРО- ДПМНЕ, отјкако Заев и владинаделегација, утрово ветија решение за фабриката во рок од 15 дена.

„Вработените во Еурокомпозит две години се лажат од власта дека само што не се решени нивните проблеми, а решението никако да го најдат. На владата ќе им заврши мандатот, а нема да успеат да најдат никакво решение ниту за Еурокомпозит ниту за било која друга фирма што има проблеми поради погрешните економски политики“ велат од ВМРО.

Од партијата нагласуваат дека прилепчани на жртви на лажните ветувања на СДСМ. Ниту една нова инвестиција не е отворена, а веќе постоечките се уништуваат.

„Овие ветувања на Заев и СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните кои се уверија во неспособноста на оваа власт да ја води економијата. По негативната оцена која ја доби од сите германски инвеститори владата на СДСМ очајно се обидува во јавноста да се прикаже дека нешто работи.

Ниту Зоран Заев ниту Кочо Анѓушев не успеаа да направат нешто за македонската економија кој секојдневно тоне, а граѓаните стануваат се посиромашни. Оваа влада предводена од СДСМ мисли само како да си намести тендери за фирмите на своите функционери.

СДСМ на следните избори ќе го добијат одговорот од граѓаните за нивните погубни политики“ се вели во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега