Предлог-Законот за прекршоци пред пратениците
И денеска македонските пратеници со полни раце работа. Во Собранието продолжува 72 седница на која ќе се разгледува Предлог законот за прекршоци.
На седницата треба да бидат разгледани и Предлог законот за правда на децата, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спортот и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, сите во прво читање.
Исто така, на седницата ќе се разгледаат и Предлог законот за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Предлог на закон за правосудниот испит и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка.
На дневен ред се и Дополнетиот предлог закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Дополнетиот предлог закон за медиуми, Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука, Предлог законот за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог законот за дополнување на Законот за просветната инспекција, Предлог законот за националната рамка на квалификации,..., сите во второ читање.