ФОТО: Детенце од Сараево кое умира има последна желба да го види Ибрахимовиќ
Мало момченце од Сараево пред шест години заболело од леукемија, а докторите му предвидуваат уште еден месец живот. Хајрудин Каменјаш пред да умре има последна желба да го запознае Ибрахимовиќ.
- Последната желба му е да го види Ибрахимовиќ, неговата мајка ме замоли во солзи да направам се што можам за да го овозможам тоа, а со тоа и да ја исполнам и последната желба на нејзиниот син. Токму затоа ве молам сите доколку има некој контакт од него или неговиот менаџер да ни помогне. Не е важно каде е тој, ние се ќе организираме и превоз и се останато.“-напиша на својот профил Теа Рекиќ која има хуманитарна организација преку која им помага на децата во Босна.
Според информациите на порталот klix.ba, родителите на малото момче стапиле во контакт со менаџерот на фудбалерот, и сега се очекува тој да му ја исполни последната желба на момчето.