Заев до охриѓани: Кренете веслата, очекувам Коста и Стево да победат
Премиерот Зоран Заев на трибината во Охрид побара од охриѓани да ги кренат веслата и да гласаат за кандидатот од СДСМ, Константин Георгиевски за градоначалник. Според Заев, Георгиевски е аманет од покојниот градоначалник Јован Стојановски и затоа го предложиле, а охриѓаните треба да го излгасаат.
Го гледам Коста вика „мојот Охрид“. Ама и мој е Охрид. И на Димитров и на скопјаните. Охрид беше во бездна подлабока од милијарда и двеста евра долг. Но, исплива. Реконструкцијата на кејот не е поради Коста, тој е почнат и одобрен уште во време на Бакрачевски. Победивте во првиот круг за Костантин Георгиевски со 2.500 гласови. Малку е. Малку е еј. Кренете тоа веслата. Очекувам Охрид да победи и за Стево Пендаровски. Знам дека Охрид верува во тој концепт и тоа е концептот до успехот“, рече Заев.
Заев рече дека верува во народот, а во недела ќе се слави победа на Стево Пендаровски и Костантин Георгиевски.
„Еве и третиот противкандидат излезе и рече „Гласајте за ЕУ и НАТО“. Тоа беше апла кажано, гласајте за Стево Пендаровски. Овие другите не понудија ништо, нула, компир. Знам дека ќе изберете градоначалник со кој ќе се гордеете“, додаде Заев
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа