СДСМ го објави огласот за претседатели на општинските организации

 

Преку отворен повик денеска започнува процесот на самокандидрање на претседатели на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз, откако претседателот на партијата, премиерот Зоран Заев, ги разреши пред една недела сите 78-мина.

Демонстрираната одговорност пред граѓаните и донесените одлуки за промени се во функција на забрзување на напредокот на земјата, обезбедување подобри услови во општеството и подобар живот за сите наши граѓани. Преку јавен, отворен повик, денеска започнува процесот на самокандидарање за претседатели на општинските организации на СДСМ, откако со одлука на претседателот сите претседатели на општинските организации беа разешени. Ги повикуваме сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите согласно правилникот за кандидирање и избор на претседател за општинска организација, да поднесат кандидатури.Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб страната на партијата и во печатените медиуми, изјави денеска Костадин Костадинов од СДСМ.

Ги охрабруваат претседателите на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите повторно да се кандидираат.

 

- СДСМ има огромен потенцијал. Да го впрегнеме заедно, целокупниот капацитет во интерес на граѓаните и иднината на државата, да им служиме уште подобро, додаде тој.

За потсетување, на Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и коордианторката на  Форумот на жени се разрешени. 

-Ветивме промени и се случуваат. СДСМ вечерва демонстираше сериозна одговорност пред граѓаните и сопствената земја. Донесовме одлуки што носат суштински промени, изјави Заев.

Инаку, метлата стана актуелна откако на митинг на Пендаровски во карпош, Заев кажа декачистка ќе има, а актерот Дац од публика му подари метла.

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2019 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега