Трајановски и почесните конзули ќе го шетаат Скопје

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и почесните конзули на Македонија во повеќе земји, денеска ќе го прошетаат Скопје.

Трајановски ќе ги пречека почесните конзули во хотелот Стоунбриџ, од каде заедно ќе тргнат на прошетката низ Скопје, информираат од Град Скопје.

Предвидено е тие да го посетат плоштадот „Капрошово востание“, Камениот Мост, плоштадот „Македонија“, улицата Македонија, Спомен Куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје. Од таму сите ќе продолжат до Црквата Свети Спас во Стара скопска чаршија, накратко ќе се одморат и потоа ќе продолжат до Музејот на Македонската борба, каде ќе заврши прошетката. 

06.10.2013 - 10:37
Фото: 
Денешен

најчитано сега