Топло и сончево за продолжениот викенд - еве за какво време треба да се подготвите неделава

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но главно ќе биде суво. Ќе дува слаб јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од 17 до 22 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во среда времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде за неколку степени пониска.

Во четврток и петок повторно ќе има сончеви периоди и потопло, но сепак се уште со услови за слаб локален дожд, а суво, сончево и топло ќе биде за време на викендот. 

08.10.2013 - 08:17

најчитано сега