Седници на пет собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за култура и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година. За ребалансот на Буџетот ќе расправа и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е четвртото продолжение на надзорната расправа „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош - ИПА во Република Македонија“, што почна во јули 2013 година.

Членовите на Комисијата за култура ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права во второ читање и Предлогот за основање на работна група на оваа Комисија. 

08.10.2013 - 08:32

најчитано сега