СДСМ: Покажавме дека борбата против криминалот не познава партиска припадност

 

Од владејачката СДСМ, обвинуваат дека единствениот криминален октопод е раководен од Будимпешта а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се неговите пипци, велат во реакција од СДСМ. 

„Единствениот криминален октопод е раководен од Будимпешта а негова единствена цел е одбрана на криминалот на Никола Груевски и фамилијата. 

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се само пипците на тој октопод раководен од Груевски. 

Како и многупати досега, од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, измислици и очајни обиди да се одбрани криминалот на Груевски и неговите соработници. 

СДСМ покажува дека за нас борбата против криминалот не познава партиска припадност. Доказ за тоа е новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура.

Од друга страна, Мицкоски побегна од лидерската средба и застана против правдата и одговорноста. Мицкоски повторно не успеа да го одбрани криминалот на неговиот ментор Груевски. 

Сите случаи кои се пред судовите а за кои е надлежно Специјалното јавно обвинителство, ќе продолжат, нив ќе ги застапува новото Јавно обвинителство. Одговорност за сите овие предмети ќе има, колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“ се вели во реакција на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега