Македонските почесни конзули се прошетаа низ Широк Сокак
Синоќа градоначалникот на Битола Владимир Талевски организираше прием за 35 македонски почесни конзули во Битола.
Според Мирче Филиповски, почесен конзул кој својата фунција ја врши во Мајнц, Германија, поголемиот број почесни конзули во странство е поголема можност за промоција на Република Македонија: - Моето срце е македонско и чука на македонски, јас сум Македонец. Импресиите од Македонија ќе ги пренесеме во државите каде дејствуваме, ќе ја презентираме Македонија и нејзините предности, бизнис можностите и програмите за инвестирање, посочи Филиповски.
Според битолскиот градоначалник, престојот на македонските конзули во Битола бил брза и ефикасна можност за размена на информации и договор за соработка.
- Ги запознав со проектот и резултатите кои ги дава индустриската зона „Жабени“, проектот „Златен рид“ во поранешната касарна, можностите за инвестирање во потпелистерскиот регион и Нижо Поле и други информации кои ќе им послужат за анализа и за нови вложувања. Овој тренд на инвестиции во Македонија со вакви средби се зголемува, истакна Талески.