Работилница за претприемништво: Образованието најважно за градење силна нација и економски раст
Денеска во рамките на вториот Глобален инвестициски самит беше организирана и Работилница за претприемништво наменета за млади професионалци, менаџери и претприемачи.
Претседавачот на Самитот Зоран Мартиновски посочи дека една од целите на органзацијата е образованието.
- Образованието е најважно и затоа е потребно да се надградат младите. Нашата мисија е покрај привлекување странски директни инвестиции и поттикнување локални бизниси најважно е и образованието, истакна Мајк Зафировски, член на Одборот директори на „Македонија 2025“ обраќајќи се на работилницата одржана во Скопје.
Инаку, на денешната работилница присуствуваа повеќе од 150 студенти и постдипломци од различни факултети, млади професионалци, менаџери, претприемачи и извршни директори.