Средношколците ќе се едуцираат за пензиското штедење

 

Денеска министерот за труд и социјала, Диме Спасов, информираше дека МТСП заедно со МАПАС и двете пензиски друштва со поддршка на Министерството за образование и наука ќе овозможат обука за ученици од завршните години од 75 средни училишта и студентите за нивните права и обврски во пензискиот систем.

- По завршувањето на образованието тие ќе се вклучат во работниот процес и со тоа стануваат задолжителни членови во првиот и вториот пензиски столб. Едукацијата ќе се спроведува преку 20-минутна презентација во рамки на редовната настава. Заради поедноставно воведување на младата популација во капиталното финансирано пензиско штедење и нивните права и можности подготвена е брошура која на едноставен начин ја прикажува улогата на младиот човек во пензиското штедење, истакна на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Едукацијата како што нагласи министерот за труд и социјала ќе се врши во рамки на кампањата „Моето друштво е мој избор, а штедењето мојата иднина“.

- Учениците од последните години на средното образование и студентите се први кои се вклучуваат во процесот на работни обврски. Затоа треба да бидат запознаени со сите бенефиции на системот, можностите и распределбата на нивните средства во државниот и приватниот пензиски столб, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Директорот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПС Булент Дервиши посочи дека кампањата ќе придонесе за развој на свеста кај младите за значењето на пензиското штедење.

08.10.2013 - 13:17
Фото: 
Академик.мк

најчитано сега