Иванов на Спортски бон-тон во Валандово: Преку спортот децата ќе научат да помагаат и да бидат толерантни

 

Шефот на македонската држава, ѓорѓе Иванов присуствуваше во Валандово на спортско-културната манифестација „Спортски бон-тон“.

- Промовираме спортски игри низ кои децата ќе видат каква е атмосферата надвор од нивните домови, да научат да преку спортот, бидат толерантни, солидарни, да си помагаат едни на други во животот, да го почувствуваат духот на младешкиот живот и да научат дека во Македонија има и муслиман и христијани и да научат да ја почитуваат нашата мултиетничност, рече претседателот Иванов.

Целта на проектот како што истакна Иван Атанасовски од геостратешкиот институт „Глобал“ е децата и младите од различна етничка припадност да се социјализираат и да се оттргнат од компјутерите.

08.10.2013 - 13:52

најчитано сега