Еве на кои патишта треба да внимавате при возењето

 

Доколку денеска патувате некаде ова е моменталната состојба на патиштата низ Македонија.

На патниот правец Скопје – Македонски Брод кој поминува низ Јасен од 1 октомври 2013 година се поставени нови термини за правецот на движење на моторните возила:

- Во правец од Скопје кон Македонски Брод од 07:30 до 08:30ч. и 14:30 до 15:30ч.

- Во правец од Македонски Брод кон Скопје од 06:00 до 07:00ч. и 16:00 до 17:00ч.

Доколку има наноси од снег, патот може да биде затворен на неодредено време.

Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и истиот е регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.

Од 25.09.2013 е воведена времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Поправката на коловозот на патниот правец А1, Велес – Гевгелија, делница Удово – Смоквица (во близина на Милетково) е завршена. Сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

09.10.2013 - 09:09

најчитано сега