Непознат човек труе животни на Кожув
Велешката полиција добила пријава од шумското стопанство „Бор” дека кај месноста викана „Трибор” има појава на труење на животни.
Како што пренесува МИА, најверојатно се работи за поставување мамки од затруено месо. Инаку, од затруените животни можат да се затрујат и други животни и птици во синџирот на исхрана на животинскиот свет.
Се работи на откривањето на сторителите.
09.10.2013 - 13:00
Фото:
Попара.мк