Чувала стара икона во својата кујна цел живот, а сега откако дознала кој ја насликал ќе стане милионерка

 

Сликата пронајдена во куќата на стара жена во близина на Париз всушност е долго загубено ремек дело на ренесансниот уметник Чимабуе, тврдат експертите.

Станува збор за дел од серија на уметнички дела со христијански мотиви од 13-тиот век, а откриена е на имот во северниот француски град Компењ. Се проценува дека цената на ова дело би можела да достигне и до 6 милиони евра.

Жената ја чувала оваа икона со години во својата кујна, а експертите велат дека не може да биде оспорено нејзиното потекло. Со инфрацрвено светло биле извршени тестови по што биле утврдени сличностите со делата на италијанскиот сликар познат и како Чени Ди Пепо.

„Сликата е направена со истата рака“, изјави експертот за уметност Ерик Туркуин, пренесува францускиот весник „Ле Фигаро“.

Се смета дека делото е полиптих, односно поголемо дело од насликани сцени поделени на неколку плочи кои го прикажуваат Христовото страдање и неговото распнување, направено во 1280-та година.

На неговата работа многу влијаела византиската уметност, а сето тоа е направено на дрвени плочи од топола со позадина од златна боја.

„Можете да ги следите тунелите кои ги направиле црвите“, изјави Туркуин споменуваќи ги ларвите кои го гризеле дрвото - траги слични на тие што биле пронајдени на другите делови на Чимабуе.

„Тоа е истата плоча од топола“, додаде Турукуин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега