Арсовски: Рано е да се говори за имиња на кандидатските листи
Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред новинарите рече дека е рано да се зборува за имиња во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
- Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ која што во моментов знаете дека подолг период се подготвува програмата, се подготвуваме да им го нанесеме најголемиот пораз на СДСМ на овие избори ќе може да се вклучи секој оној кој што е на иста линија со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така и на листите, бидејќи премногу е рано да се говори за имиња и за персонални решенија, на листите најважно е да се најдат луѓе кои што ќе бидат капацитетни, луѓе кои што ќе бидат на иста линија во однос на визијата и на целите за да се подобри иднината на Република Македонија и буквално иднината на секој еден граѓанин на Македонија. Така да се уште е рано да се говори за персонални решенија и за имиња, а секој оној кој што смета дека е на иста линија и не поддржува во нашите програмски цели може да се приклучи во нашата кампања, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа