Атифа е најстарата родилка во историјата на Србија - после 2 години од раѓањето на ќеркичката открива детали

 

61-годишната Атифа Љјиќ, братучетка на Расим Љајиќ, официјално пред две години стана втората најстара родилка во историјата на Србија. Таа на 20. јуни 2017 година во болница во Белград на свет го донесе девојчето Алина.

Нејзиниот сопруг Шериф Нокиќ не се согласувал со нејзината одлука да имаат деке и денес, после две ипол години, доаѓа да ги посетува само повремено.

Atifa Ljajić sa ćerkom Ajlinom

Атифа открила дека ќерката Алина проодела на двет месеци, а проговорила набрзо после тоа.

-Таа е многу пргава, но мене не ми е тешко по неа да трчам по цел ден - кажала Атифа за „Експлозив“ и истакнала дека ѝ е драго што добила токму девојче.

Iako joj je trudnoća bila rizična, kaže da joj nije bilo naporno

Атифа ја родила ќерката на стари години и нејзината постапка некои ја нарекле себична. Таа не се кае, вели дека многу сакала да има свое дете.

-Не ми беше напорно во бременоста, навистина не беше. Имав болки во шестиот месец, но после тоа се стабилизираше.

Porodica Nokić u porodilištu

Атифа поради големиот ризик месеците ги поминала во клиника во Белград. Меѓутоа, на почетокот на бременоста за неа се грижеле и во општата болница во Нови Пазар. Нејзината бременост тогаш изненадила повеќе гинеколози.

Таа се одлучила за вештачко оплодување иако нејзиниот сопруг не сакал да учествува. После три неуспешни обиди, четвртиот вродил со плод. Атифа инаку успевала да остане бремена и по природен пат, но секогаш имала спонтан абортус. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2019 - 07:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега