ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за три години ги понижи земјоделците и ги доведе до раб на преживување

СДСМ за три години ги понижи земјоделците и ги доведе до раб на преживување. Затоа сега СДСМ е во паника поради погрешните политики во земјоделието кои ги водеше изминатите три години, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ на тема земјоделие.

„СДСМ и Зоран Заев на земјоделците им ветуваа брда и долини. Ветуваа загарантиран откуп, поголеми откупни цени, нови пазари, ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да им понуди на земјоделците.

Земјоделците од тоа не добија ништо. Немаше загарантиран откуп, немаше повисоки откупни цени, а немаше ни нови пазари. Родот наместо на пазарите заврши по улиците и буништата.

Проектот млад земјоделец целосно го утнаа, додека пак зелената нафта не ја добија ни половина од земјоделците, а и тоа што го добија беа ваучери од 500 денари, пари со кои не можат ни до бензиска да отидат не пак да ги обработуваат нивите.

За катастрофалната политика на СДСМ во земјоделието говори и фактот дека овие три години сведоци сме на чести протести на земјоделците кои едвај врзуваат крај со крај и не можат да ги издржуваат своите семејства.

Токму тоа е причината поради која СДСМ се исплашени затоа што на виделина ќе излезат сите нивни матни и криминални зделки во земјоделието поради кои земјоделците се на работ на егзистенцијата.

Набрзо СДСМ ќе стане само црно минато за земјоделците и за сите граѓани на Република Македонија. Следува време на чесни политики, со кои ќе се врати достоинството македонските граѓани. Следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата на опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега