ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните многу добро знаат дека ние работевме за доброто на сите

Заврши мандатот на Мила Царовска како министер за труд и социјална политика, а со тоа завршуваат и лажните политики на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Криминалната власт предводена од СДСМ и Царовска се фалат дека ја унапредиле детската заштита, но граѓаните добро знаат дека тоа е лага. 

Се фалат дека граделе детски градинки, но ги нема ветените во нивниот таканаречен „План за живот“. Гарантираа и специјални едукатори во градинките, но и нив ги нема.

ВМРО–ДПМНЕ до 2014 имаше изградено 44 детски градинки, а само во периодот од 2014-2016 изгради 21 детска градинка.

ВМРО-ДПМНЕ го прошири опфатот на деца од предучилишно образование за 27%, додека СДСМ за 3 години власт го имаат зголемено само за 2-3%.

Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ работеше за доброто на сите и затоа повторно ќе ја дадат довербата на 12 Април“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2020 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега