Бора Дрљача итно опериран - позната неговата состојба
На фолк-пејачот Бора Дрљача минатата година му бил дијагностициран тумор на дебелото црево и тогаш бил опериран, а неодамна поради истиот проблем повторно отишол под нож.
„За време на отстранувањето на канцерот откриен му бил тромб во близина на срцето, поради што итно бил префрлен на конорарната единица во Ургентниот центар. Неговата состојба сега е стабилна, не е во животна опасност“, рекол близок пријател на Бора за српските медиуми.
Дрљача многу брзо после првата операција се вратил на естрадата и тогаш рекол: „Скенерот покажа дека постои нешто во дебелото црево, потоа отиде на понатамошни испитувања. Тогаш беше утврдено дека има полип и уште нешто сомнително, поради што беше потребна операција. Се мина во најдобар ред и сега добро се чувствувам“, рекол пејачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа