Баба ја облекла внуката во боди, па го покажала на Фејсбук: „Не знам што е полошо - бодито или луѓето на кои ова им е симпатично!“
Кој може да одолее на слатката бебешка облека? Мајките и бабите први “паѓаат“ пред нив, но сè почесто и со облеката за бебиња мора да бидете внимателни, бидејќи дури и таа може да содржи проблематични мотиви.
Едно такво боди кружи на Фејсбук, а како што се претпоставува, бабата намерно го купила за својата внука.
Гордо ја објавила фотографијата на Фејсбук, а сето тоа го забележал еден нејзин Фејсбук пријател, кој бил згрозен од она што го гледа.
Бодито на себе има привезоци на градите, танга гаќи и тетоважа над гаќите.
„Не знам што е побизарно - бодито кое бабата го избрала или овие 100-на коментари од нејзините пријатели на кои ова им е симпатично“, вели згрозениот човек, а луѓето се согласуваат со него дека на ова боди нема ништо смешно ниту симпатично.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа