Здравковски: ВМРО-ДПМНЕ гради и покажува со дела, а СДСМ дава празни ветувања кои речиси никогаш не се исполнети

 

Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола, набавка на 5 нови возови за Велес, реконструкција на стариот пат Велес – Градско – Прилеп, нови водоводни и канализациони мрежи, нова спортска инфраструктура, најави претседателот на Општинскиот комитет Велес на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Според него,граѓаните на Велес го заслужуваат и затоа во име на Обновата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира овие проекти. Вели дека Општински комитет во името на велешани ќе се залага за експедитивна имплементација и реализација.

-Нашиот град е град на најреволуционерни идеи, на напредната авангардна мисла, град на преродбата. Така било во минатото и ние мора да го продолжиме тој континуитет за да го оправдаме своето потекло како горди Велешани и Македонци. Затоа мора да се залагаме градот да ни живее, да расте и да се развива. Во таа насока, потребно е вложување во инфраструктурата и нови инфраструктурни проекти. Инфраструктурата е од суштинско значење за развојот на економијата, земјоделството, образованието, трговијата, културата, за квалитетот на живот на граѓаните. Велес е срцето на Македонија, вековна балканска крстосница, со стратешка географска положба, во која се вкрстуваат патиштата кои водат кон сите страни на светот, рече Здравковски.

Според него, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт реализираше бројни инвестиции од сите области. Според него,се изгради експресниот пат за Штип, се реконструираа локалните патишта, се реконструираа улици во градското подрачје, се изградија училишта во село Горно Оризари и во село Иванковци исе изгради новиот театар.

-Се инвестираше во индустриските зони и се донесоа најголемите инвестици за градот, се отворија фабриките во кои и денеска велешани работат, се осветлија клучките на влезовите на градот, се набавија нови возови во кои најчести патници се граѓаните на Велес и уште многу други. Е токму во тоа се разликува владеењето на ВМРО и владеењето на СДСМ. ВМРО гради и покажува со дела, а СДСМ дава празни ветувања кои речиси никогаш не се исполнети. Затоа и од нивната програма останаа нереализирани сите ветени проекти, а за нашиот град не направија апсолутно ништо! Немаат никаква инфраструктурна инвестиција. Ветуваа, ветуваа… и уште ветуваат. Но на мегдан се само ветувањата. Затоа што нивниот стил на владеење покрај се што уништија е препознатлив по „ЌЕ“ реториката, рече Здравковски.

Вели дека целите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни, а ова, како што рече, е доволно да се направи компарација на работењето наспроти неработењето, подобрување на условите за живот во Велес наспроти празнењето на градот поради стагнација на секоја сфера.

-Тие ќе пробаат да Ве убедат дека сите се исти, дека ниту овие ниту оние не заслужуваат доверба, ќе пробаат да предизвикаат апатија и недоверба само да ја намалат излезноста за претстојните избори на кои им се знае судбината. Граѓаните на Велес се мудри и знаат да донесат правилни одлуки, а така ќе биде и на 12ти април, кога на оваа хунта ќе и дојде крајот и ќе ги пратиме во политичка историја но ќе ни служат за пример како не треба да се работи за интересите на граѓаните на сопствениот град и сопствената држава Република Македонија, рече Здравковски.

21.02.2020 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега