Пендаровски: Во секоја влада има значаен албански партнер, на кој името Македонија и македонскиот јазик не му значи

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 на прашањето дали е можна ревизија на Преспанскиот договор, вели дека е можно, но не е реално.

-Мислам дека не е реално, не затоа што не е дозволено. Оваа истава Влада додека не е замината може да го смени Утавот, може да го смени името, може да донесе трето, петто име, со две третини се менува Утсавот. Меѓутоа мислам дека е нереално.

Објективно во секоја идна Влада, како и досега, имате значаен албански партнер, на кои да не се лажеме, името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи бидејќи тие не се Македонци и тие би сакале да бидат во обединета Европа. За нив тоа е примарна политичка цел. Јас не велам дека било која албанска политичка партија утре би се согласила да влезе во тие две-третини, во тие 80 гласа и  да си продолжи понатаму во Владата, а ние истовремено на бидеме блокирано ви Европа, вели Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега