Славески: Вториот сет на мерки нуди несигурност кај сите граѓани и компании во државата

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во гостувањето на 24 вести истакна дека економските мерки кои ги донесе владата се недоречени и конфузни.

-Недоречени се затоa што за разлика од некои други земји ние следиме какви мерки се презeмаат и на кој начин се комуницира со загрижената јавност насекаде. Кај нас  во моментот имаме впечаток дека ниту еден граѓанин,  ниту еден вработен или невработен, ниту една компанија не знае каде се наоѓа односно каде ќе се најде со она што беше предложено како таканаречен втор сет мерки и затоа се недоречени, рече Славески.

Според него, техничкиот премиер Оливер Спасовски во своето вчерашно обраќањена прашања на новинарот тој упатуваше на тоа дека треба да се почека на уредбите и тогаш работите ќе станат јасни.

Според Славевски ова не е вистински пристап  бидејќи уште вчера ако владата излегуваше со мерки и требаше секој точно да знае што на кого, на кој период се однесува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега