Трипуновски: Македонија никогаш не била во поголема криза, за нас најважно е обезбедување благосостојба на граѓаните

Македонија никогаш не била во поголема криза. Граѓаните, народот мора да бидат слушнати. За жал власта се затвора во својата безидејност и уште повеќе удира oнаму каде што не треба. За нас како политичка партија најважно е обезбедувањето на благосостојба на граѓаните. Најважна ни е комуникацијата со народот.

Ова преку видео обраќање го изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, додавајќи дека предизвикот на коронавирусот ги покажа сите слабости на власта.

-Ова е сериозен момент за малите фирми, за работниците, за земјоделците. Економскиот удар на епидемијата нив најмногу ги погоди! Родот на градинарите останува по нивите, сточарите се соочуваат со проблеми во пласманот на јагнето, земјоделците буквално не знаат како да врзат крај со крај. Проблеми многу, а власта која што е најповикана да ги реши, освен популизам не превзема речиси ништо. Во овој момент на Македонија повторно и е потребна мудроста на народот. ВМРО-ДПМНЕ почнува нова акција заедно со вас! „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија”, рече Трипуновски.

Тој ги повика граѓаните да ги испратат предлог решенија, проблеми, прашања и проблеми на мејлот  „[email protected]“.

-Сите пристигнати прашања и идеи ќе бидат разгледани од експертите во нашите соодветни комисии. Од нив ќе произлезат идеи и решенија кои повторно ќе ги доставиме до власта. Заедно ќе понудиме решенија за Македонија, со можност да бидат спроведени. Ајде сите заедно да помогнеме со мерки и предлози за земјоделците, за малите и средни фирми, за занаетчиите, за туристичките работници, да помогнеме на невработените лица. Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност. Низ историјата заедно сме минале низ сите искушенија, заедно ќе ги поминеме и овие предизвици. Тука сме да помогнеме. Време е за работа и зa одлучност. Мора и владата да покаже исто така зрелост. Заедно да се избориме побрзо да дојдат подобри времиња! Затоа што Ја сакаме Македонија, рече Трипуновски.

Трипуновски: Земјоделците буквално не знаат како да врзат крај со крај

Posted by Press24.mk on Sunday, 5 April 2020

05.04.2020 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега