Мицкоски предупредува: Профитерски ќе се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата

Можни се три сценарија за македонската економија и сите завршуваат со огромно зголемување на јавниот долг, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Добро е што владата делумно ги прифати мерките од уредбата што ја предложивме, но потребно е уште повеќе, да не се бара од корисниците да ја вратат помошта од државата, релаксирање на фискалната политика и државна помош и за месец март за работниците и компаниите.

Не се согласувам со кронизмот, профитерски да се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата, што ќе донесе покачување на продуктите потребни за граѓаните, вели Мицкоски на фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2020 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега