СДСМ: Официјални факти, ЕУ и ООН ги разобличуваат лагите на ВМРО-ДПМНЕ

Целиот систем на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ-ДПМНЕ е поставен врз креирање лажни вести и пласирање невистинити информации со кои само и штетат на државата и на граѓаните, велат од СДСМ.

-Иако ваквиот антидржавен модел е прочитан од сите граѓани ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од принципот со лажни вести да создава погрешен впечаток во јавноста. Во време кога државните капацитети се фокусирани на справување со корона вирусот и на имплементирање на економските мерки за полесно надминување на кризата, Христијан Мицкоски јавно тврдеше дека јавното здравство има уште само 100 тестови за корона. Оттогаш изминаа три седмици и се направија илјадници тестови, што значи дека реалноста ги демантираше лагите на ВМРО ДПМНЕ. Александар Николовски јавно тврдеше дека Организацијата на Обединетите нации лошо ги оценила владините мерки за справување со кризата, за потоа да стигне реакција од ООН во која беше наведено дека организацијата воопшто не ни дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не пак да дала некаква оценка. Уште еднаш вистината ги демантираше лагите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Според партијата, истото се случило и со тврдењата дека Бугарија го проблематизира почетокот на преговори на нашата држава со Европската Унија, за потоа да стигне демант од ЕУ дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите, поддржани и од Европскиот совет.

-Со ова, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ е разобличена. Сите овие лаги на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и онаа дека 140.000 работници добиле откази за време на кризата, иако реалноста е сосема поинаква, се случуваат во време на глобална пандемија со што партијата во континуитет демонстрира антидржавна политика. За две и пол години преку одговорни политики, СДСМ успеа да ја врати државата на европските патеки и да покаже резултати кои ВМРО-ДПМНЕ не можеше ни да ги замисли. Единствено што направија за 11 години е целосна изолација на државата на меѓународен план и владеење со криминал и корупција, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега