ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Димитров се штетниците за Македонија, македонскиот народ и јазик

Заев и Димитров се штетници за Македонија, македонскиот народ, јазик и се што претставува идентитетска одредница, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата, сите трајни вредности според владата на СДСМ имаат цена, а таа зависи од пазарната понуда и од нивните лични потреби.

-Оваа влада се ценка и распродава нешто што не е нивно, туку било градено со генерации.Димитров, Заев и Спасовски кријат од македонската јавност документ со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори.Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски.Дека СДСМ не се грижи за граѓаните говори и анализата на институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП. Со што Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека решенија прифатени и имплементирани од страна на Владата на СДСМ, без демократски дијалог, консултација со релевантните политички субјекти и пошироката експертска јавност и нанесуваат сериозна штета на нашата држава. 

-Поради тоа идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе стави силен фокус кон развојот на евро-интеграцискиот пат, но ќе посвети и големо внимание кон заштитата на идентитетските прашања, вклучувајќи ја и поддршката на македонското малцинство, кое живее надвор од границите на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега