Мисајловски: Здравјето на граѓаните е несомнено пред сѐ, избори ќе има кога ќе има идеални услови

Во вечерашното издание на емисијата “Заспиј ако можеш” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, кој се осврна на моменталната ситуација во која што се наоѓа Република Македонија во однос на здравствената и економската криза.

Мисајловски после лидерската средба која денеска се случи кај претседателот Пендаровски посочи дека Република Македонија се наоѓа во една незавидна ситуација поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот и дека во моментов е најважно здравјето на граѓаните, здравствените лица и на сите оние кои што се во првите редови во борбата со Ковид-19.

Тој исто така додаде дека во наредниот период политичките елити мора трезвено да размислуваат и да донесуваат одлуки кои нема да бидат на штета на граѓаните.

“Најголем дел од лидерите разумно пристапија на денешната лидерска средба и не сакаа по секоја цена да се одржат избори доколку тоа лошо се одрази на граѓаните. Не е човечки животите на граѓаните да се стават во втор план. Ние како ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да поддржиме и децидно стоиме зад ставот кој денеска го искажа и претседателот Мицкоски”, вели Мисајловски.

ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која постои за граѓаните и работи за граѓаните. Ако на Зоран Заев не му е важно здравјето на граѓаните и ако изборите се поважни од граѓаните во моментов, нека му служи на чест. ВМРО-ДПМНЕ со тоа нема да се согласи и ќе биде за организирање на изборите тогаш кога ќе има идеални услови за нивно одржување, без при тоа граѓаните да бидат оштетени на било каков начи, вели Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега