СДСМ: Ни претстои долга борба со вирусот ако сега не ги почитуваме мерките

Најодговорно да ги почитуваме мерките за лична заштита, само заедно ќе го победиме коронавирусот, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата истакнуваат дека сега влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот.

„Ако сега се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум. Ако тоа не го сториме, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние. Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него. Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик“, истакнува СДСМ.

Оттука додаваат дека битката може да биде добиена само ако сите без оправдувања ги почитуваме мерките воведени од здравствените експерти и епидемиолозите.

„Сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје“, нагласи СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега