Министерот Хани се сретна со градоначалникот на Братислава

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани во рамки на посетата на Словачка се сретна со градоначалникот на Братислава Милан Фтачник.

На средбата беа претставени имплементираните проекти за пристап до европските фондови наменети за развој на регионите. Иновациите и трансферот на технологиите во братиславскиот регион беа презентирани и на работниот дел од состаноците во Mинистерството за транспорт, градба и регионален развој, како и во Mинистерството за земјоделие и рурален развој.

Инаку, заедно со министерот Хани во посета на Словенија се и 25 градоначалници од Македонија и раководители на центрите за развој од Источниот, Југоисточниот и Скопскиот плански регион.

29.10.2013 - 10:28
Фото: 
МИА

најчитано сега