Велешанец ја претепал и ограбил поранешната сопруга

 

Во текот на вчерашниот ден се одвивала вистинска драма во Велес кога околу 21 часот на крстосницата „Штипска Петља“, Ц.Д. ја нападнал и ограбил поранешната сопруга.

Велешанецот ги ограбил 50-годишната Ц.С. од Велес и 62-годишниот П.Љ. од Скопје, при што на поранешната сопруга и одзел чанта во која имало 3 телефони, паричник со 4.000 денари, 200 евра и други документи.

Кражбата била извршена на тој начин што додека велешанката и скопјанецот се движеле со возило марка „Мерцедес„ со скопски регистерски ознаки, Ц.Д. им го попречил патот со своето „Пежо“, излегол од возилото и најпрвин физички го нападнал скопјанецот удирајќи го со тупаници во пределот на лицето, а потоа ја истепал и поранешната сопруга која исплашена излегла од возилото и и ја одзел чантата.

Полицијата трага по сторителот.

03.11.2013 - 13:14
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега