Актерката не губеше време: Памела Андерсон се омажи по шести пат- протекоа фотографии од венчавката

 

 

Убавицата повторно си ја најде среќата и љубовта и тоа во својот телохранител.

Минатата година Памела Андерсон обелодени дека застанала пред олтарот со Џон Питерсон.

Јавноста беше фрапирана кога се прочу дека по 12 дена таа се разведува од човекот со кој што само што се венчаше.

Сепак, Памела не губи време. Таа сега љубовта ја пронајде во својот телохранител Ден Хејхурст.

На актерката и поранешната Плејбој зајачица ова ѝ е шести брак. Како што признала таа во Ден се заљубила во текот на карантинот.

Се венчале на Бадник и изјавиле дека „се заљубени до уши“.

„Таму сум каде што треба да бидам, во прегратките на мажот кој што ме сака“, изјавила Памела за „Daily Mail“.

Памела изјавила дека венчавката била традиционална, но немале многу гости поради пандемијата на коронавирусот. Памела била облечена во винтиџ венчаница, а романтичните фотографии го преплавија светот.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by THE MOOD (@themoodmagazine_)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега