Од Божиќ до Божиќ ослабнала дури 75 килограми - имала 104 килограми, не можела да стои подолго од 45 минути

 

Кречел Картер (30), мајка на шест деца, минатиот Божиќ одлучила да го промени својот живот и конечно да се олободи од вишокот килограми.

Нејзиниот труд на крајот се исплател, бидејќи овој Божиќ, за само една година, успеала да изгуби дури 75 килограми.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Krechelle Carter (@eightathome)

Кога започнала да работи на својата тежина Кречер имала 140 килограми, а самата тврди дека не можела да стои повеќе од 45 минути. Се испоставило дека треба само да се сменат три навики за да се постигне неверојатна трансформација.

Се откажала од брзата храна која ја јадела во преголеми количини, ја намалила и количината на порциите и почнала да се движи секојдневно.

На својот Инстаграм објавува фотографии на кои јасно се гледа неверојатна промена.

„Божиќ во 2019-та и 2020-та година изгледа сосема поинаку, а не мислам само на својот изглед. Овој Божиќ можев нормално да дишам, сè убаво да подготвам и да ми остане енергија за гостите“, напишала во описот на фотографијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Krechelle Carter (@eightathome)

Мајката на шест деца им признала на своите следбеници дека ова бил прав Божиќ, после многу години, за време на кој таа не се чувствувала ужасно поради своето тело.

„Освен успех, себеси си докажав дека со многу работа можам сè да постигнам. Сега имам 65 килограми и се чувствувам подобро од било кога порано. Конечно можам да уживам во животот“, напишала младата мајка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега