Откако ја раскина бурната врска со ѕвездата на Баерн, пронајдена мртва во нејзиниот стан: Смртта на младата манекенка ја вознемири Германија
Убавата манекенка е пронајдена мртва, а веста за нејзината смрт ја вознемири цела Германија.
Жером Боатенг своевремено бил во љубовна врска со Ребека со која што има и три деца, а потоа тој наводно ја изневерил манекенката со Касија Ленхард која што сега била пронајдена мртва.
Германските медиуми пренесуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство со оглед на тоа што нема никакви знаци на провала на местото на трагедијата, ниту пак некој друг освен неа престојувал во станот.
Касија со Боатенг била во врска 15 месеци, но парот раскинал пред една седмица, поточно на 2 февруари.
А, токму нивното раскинување предизвика голем скандал во Германија со оглед на тоа што не поминал „безболно“.
Боатенг во интервју за „Blid“ открил детали, признавајќи дека ја изневерил Ребека, но истакнувајќи дека ја сака. Откако Касија на својот Инстаграм профил го обвини фудбалерот дека ја завршил нивната 15-месечна врска поради неговите лаги и неверства, Боатенг ја дал својата верзија на приказната.
„Касија ми стана блиска така што ја уништи мојата врска со Ребека и така што почна да ме уценува. И затоа одлучив да останам со Касија и да се обидам да ја задржам нашата врска“.
Меѓутоа, од тоа немало ништо...
„Таа постојано ми се закануваше дека ќе ми ја уништи кариерата и дека ќе направи да ги изгубам своите деца доколку некогаш ја изневерам или пак јавно ја посрамотам“.
Боатенг исто така изјавил дека Касија има големи проблеми со алкохолот и дека постојано манипулативно лаже.
„Тоа не е живот кој што го сакам за себе или пак за моите деца“, изјавил на крајот Боатенг додека 25-годишната Касија не се огласила по тој повод.
A modelo Kasia Lenhardt, de 25 anos, foi encontrada morta em seu apartamento em Berlim terça-9.A jovem e o jogador d futebol alemão Jerome Boateng namoraram por 15 meses e romperam o relacionamento no dia 2 de fev,em meio a acusações d chantagem e traiçõeshttps://t.co/AnokPEXlbh
— Delegado M Quezado (@MarcosQuezado1) February 10, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа