Дали лицата кои имале Ковид-19 треба да се вакцинираат?

 

Најмалку осум месеци трае имунитетот на лицата кои биле заразени со вирусот ковид-19, а реинфекциите засега се исклучително ретки, објави Сител.

Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски во изјава за Сител вели дека се работите како одминува пандемијата работите за вирусот стануваат сѐ појасни.

Во однос на тоа дали вакцинацијата на лицата кои го прележале вирусот, вели дека лично смета оти не треба да се вакцинираат во првата фаза.

-Тука е нејаснотијата. Зашто препораките на сите авторитетни светски асоцијации се дека оние кои прележале може да се вакцинираат, но препораките не се дека треба да се вакцинираат. Значи, штета не се очекува да има. За мене е сосем логично луѓето кои што го поминале Ковид-19 да не се вакцинираат во првата тура, вели Петличковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега