ЗНМ бара Кежаровски да се брани од слобода

Здружението на новинари на  Македонија изрази задоволство од одлуката новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски е ослободен од истражниот затвор Скопје и се врати во кругот на неговото семејство.

ЗНМ очекува Судот наскоро  да  ја укине и мерката домашен притвор и да донесе одлука Кежаровски да се брани од слобода.

- Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин. Кежаровски со објавените текстови не се огрешил пред законот, туку открил злоупотреба на институтот заштитен сведок, се наведува во соопштението од ЗНМ. 

Во случајот на Кежаровски македонските судови, посочуваат од ЗНМ, имаат единствена прилика да ја воведат европската судска пракса кога постапуваат за предмети поврзани со слободата на изразувањето и со тоа судот ќе ја избегне опасноста овој предмет да падне пред ЕСЧП и Македонија да биде осудена за прекршување на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права. 

Инаку, синоќа беше донесена одлука новинарот да биде пренесен во домашен притвор. Тој заработи казна затвор од 4,6 години за откривање на идентитетот во случајот Ореше.

08.11.2013 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега