Отварање ЕУ – катче во Охрид по повод Денот на победата на фашизмот

Со промоција на Инфо-точката на ЕУ во Општинскиот центар за услуги на граѓаните во Охрид денеска започна одбележувањето на Денот на Европа - 9 Мај, односно Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески во оваа прилика истакна дека се работи за европско катче преку кое граѓаните ќе можат да ги добијат сите информации што се однесуваат на Европската унија.

- На тој начин нашите граѓани ќе бидат во тек со сите случувања во рамки на ЕУ, независно дали се тоа огласи, конкурси, информации... Денешниот ден практично го користиме да направиме спој на граѓаните на Охрид и сите случувања во Унијата, така да ги поканувам охриѓани масовно да го користат за да бидат во тек со сите информации што им се потребни, а се однесуваат на ЕУ, рече Спасески додавајќи дека тоа е само дел од проектите што општината ги спроведува заеднички со Делегација на Европската комисија.

Градоначалникот Никола Бакрачески во обраќањето пред охриѓани и присатните гости истакна дека древниот Охрид е вистинското место од каде треба да се упатат пораките за чување на цивилизациските вредности како темел за развој на современите демократски процеси.

- Низ вековите Охрид бил крстосница на цивилизациите и еден од столбовите на развој на општочовечките, хуманистички принципи. Токму затоа убедени сме дека далбоките охридските просветителски, културни и духовни корени ќе бидат дополнителен, заеднички предизвик за забрзување на процесот за влез на Македонија во големото европско семејство, рече Бакрачески.

Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија Мариет Схурман изрази задоволство што на денот на Европа е токму во Охрид, на отворањето на ЕУ–катчето и на прославувањето на Денот на Европа. Како претставник на ЕУ таа ја пренесе пораката „посебни во различностите“, наласувајќи дека токму тоа е идејата промовирана во сонот на основоположникот на европскотоо семејство, Роберт Шуман, да се заборави минатото и заеднички да се гради подобра иднина за сите.

Амбасдорот на Шведска Ларс Валунд во оваа прилика изрази уверување дека и Република Македонија наскоро ќе биде полноправен член на ЕУ и европското семејство. Токму во Во организација на Амбасадата на Шведска во Културно-изложбениот центар „Култура 365“ се одржа и детско читачко катче, каде беше презентиран дел од литературата за деца на шведски автори.

 

најчитано сега