Познато за колку се намалува ефикасноста на вакцината Фајзер по шест месеци од примањето на втората доза

 

Ефикасноста на вакцината против Ковид-19 „Фајзер“ опаѓа од 88 на 47 отсто, шест месеци по примањето на втората доза, според податоците кои американската здравствена агенција ги зела предвид при одлучувањето за потребите за примање на трета доза.

Податоците кои биле објавени вчера во медицинското списание „The Lancet“, првобитно биле соопштени во август пред да се направи стручна ревизија, пренесува „Reuters“.

Анализата покажала дека ефикасноста на вакцините во спречување на хоспитализација и смрт останала висока.

Податоците сугерираат дека до падот на ефикасноста доаѓа како последица на опаѓањето на ефикасноста на самата вакцина, а дека неа ја предизвикуваат соевите кои се позаразни.

Истражувачите на Фајзер проучувале електронски здравствени картони на околу 3,4 милиони луѓе во Јужна Калифорнија меѓу декември 2020 година кога вакцината првпат била достапна, и август 2021 година и јасно утврдиле дека вакцината е ефикасна против сите актуелни варијанти на коронавирусот, вклучувајќи го и делта сојот.

Според извештаите, ефикасноста на вакцината против делта сојот била 93 отсто по првиот месец, а потоа по четири месеци истата била 53 отсто.

Во однос на другите соеви на коронавирусот, ефикасноста од 97 отсто се намалила на 67 отсто.

05.10.2021 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега