Аферата со кражбата во музејот доби мега размери - фалат вкупно дури 166 артефакти

Вкупно 166 артефакти недостасуваат од Музејот на Македонија, ексклузивно дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, скандалот со кражбата во Музeјот добива невидени размери. По доставањето на финалната верзија од списокт со артефакти кои недостасуваат, полицијата утвrдила дека станува збор за 166 предмети од непроценливо значање.
Пред десетина дена, кустоси пријавија дека во музејот недостасуваат вредни артефакти. Полицијата утврди дека нема трага на провала, па сомнежите се дека станува збор за некој вработен во музејот. МВР води истрага.

19.11.2013 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега