Моторно масло се излеа во реката Вардар

 

Моторно масло се излеа од топилничарската канализација и заврши во водите на Вардар кај Велес, пренесе порталот Дума.мк.

- Во текот на вчерашниот ден е забележано дека се излеало масло од каналот кој води до топилничарската канализација која одамна прави проблеми и на која до денес се приклучува кој ќе стигне. Заедно со екипи на ЈКП Дервен цел ден работевме на терен, земавме примероци и иако тешко оди откривањето на сторителот сепак се работи на тоа. Очекуваме да се вклучи и Државниот инспекторат за животна средина,изјави Шуркова-Манаскова.

Инаку и  пред два месеци се излеа масло во реката, за кое  подоцна се утврди дека е со потекло од фабриката за масло „Благој Ѓорев“. 

ФОТО:Денешен 

најчитано сега