Домашен тест за 5 минути: Дали се здрави вашите бели дробови?

 

Не, нема да мора да одите на рендген. Сѐ што ви треба е пет минути време.

Направете неколку длабоки вдишувања и издишувања. А сега, 10–15 секунди задржете го здивот.

За патологија во белите дробови може да сведочат:

* неможност да вдишете длабоко со цели гради;

* болка во градниот кош;

* вртоглавица и мачнина при обид да вдишете;

* кашлица.

Потпрете се со грбот на ѕид или на потпирач од стол. Во кој дел од грбот чувствувате поместување при вдишување или издишување?

Нема за што да се грижите ако за време на дишењето чувствувате наизменично мал притисок на целиот грб. Но причина за посета на лекар може да биде болка или непријатен притисок на дел од грбот што го попречува дишењето.

Обидете се 20 секунди непрекинато да го пеете гласот „а-а-а“.

Доколку сѐ помине непречено, нема причина за загриженост. А ако 20-те секунди ви изгледаат како вечност или воопшто не можете да ја направите оваа вежба, тоа е повод да посетите лекар.

Сега одговорете на следните прашања:

Дали секогаш во состојба на мирување дишете низ носот или понекогаш морате да дишете низ устата?

Здравиот човек секогаш  вдишува низ носот, со исклучок при изговарањето долги фрази. Но издишувањето е можно и низ устата.

Кога сте во состојба на мирување, колку вдишувања и издишувања правите во минута?

Сѐ е во ред со вашите бели дробови доколку при мирување правите од осум до дванаесет циклуси на дишење (вдишување–издишување) во минута.

Правите ли пауза помеѓу вдишувањето и издишувањето, помеѓу издишувањето и следното вдишување?

Дишењето на здравиот човек е непрекинато, рамномерно, без пауза.

И уште нешто, доколку ‘рчите или го губите гласот наутро, тоа може да биде сериозен повод да одите на преглед кај интернист.

17.02.2022 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега