Годинава приходите од царина 51,34 милијарди денари
Директорот на царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов, информира дека царината во текот на оваа година наплатила вкупно буџетски приходи од 51.340 милиони денари кои се за два проценти пониски во однос на минатата година.
- Зголемувањето на приходите од царина во овој период има при увозот на тутун и производи за замена на тутун при увозот на млеко и производи од млеко, живински птичји јајца, природен мед, јастиви производи од животински потекло, неспомнати ниту опфатени на друго место има при увоз на облека и прибор за облека освен платенеи или хеклани производи. Најголемо намалување на прихдоите од царина има при увоз на возила, освен железнички или трамвајски шински возила и нивни делови и прибор при увоз на воздухоплови, космички летала и нивни делови, при увоз на нуклеарни реактори, котли, машини и механички уреди и нивни делови, истакнува Каргов.
Каргов додава дека постојат можности за намалување на царинските стапки.
- Во најголем дел царинските стапки се намалени. Особено со ЕУ се скоро сите на нула, освен некои прехранбени и земјоделски производи и исто така со Светската трговска организција е завршена и политиките на Република Македонија и на Владата исто така се имплементирани. Така што најголем дел од царинските стапки вистина се сведени на некаков минимум. Имаме во моментов преиспитувања на царински стапки и на други видови на односи. Дали би можело нешто да се направи. На пример има иницијатива од страна на Владата дали има основа за намалување на цринските стапки или поедноставување на царинските процедури во делот на отпадот при увозот. Значи фирмите што работат со текстил, при производството имаат отпад, истакнува директорот на Царинската управа.
Додава дека постојано преземаат активности за олеснување на работата на компаниите и наведува дека со покренатата иницијатива за паневромедитеранска дијаголнална кумулација, со што ќе може производите од Македонија да се извезуваат поевтино во други земји членки на оваа дијагонална кумулација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа