ВИДЕО: Необично пријателство - Фока прегрнува нуркач

Како што пренесува „Дејли меил“, кога еден тинејџер за првпат нурнал во Ирското море недалеку од островот Мен, не ни насетувал дека ќе стекне необичен пријател, мала и слатка фока.

Неколку  нуркачи нуркале околу островчето Калф Оф Мен, недалеку од островот Мен, кога им се придружило ова итро морско животно.

На фоката ѝ се допаднал 15-годишниот Џејми кој отпрвин го гушкала со пераите, а потоа и со своите нозе. Потоа фоката му се приближила за да ја погали и со устата нежно го допрела за раката.

- Бевме во водата неколку моменти кога ни пријде една фока и веднаш пона да не фаќа за пераите за да ни го привлече вниманието. Иако за нас е невообичаено да сретнеме фоки додека нуркаме ова животно беше многу заинтересирано за дружење со нас и кога помисливме дека си замина таа брзо се врати и пливаше околу нас како весело кученце - изјавил еден од нуркачите.

29.11.2013 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега