Рита Ора се омажи за режисер 15 години постар од неа - го промени и презимето

 

Рита Ора и режисерот Таика Вејтити се венчаа, пишува The Sun. Свадбата се одржа во Лондон.

– Тоа беше навистина интимна церемонија и многу посебна за сите кои беа таму. Најблиските можеа да видат колку се лудо вљубени, рекол извор близок на парот. Тој тврди дека пејачката сакала што поприватна свадба.

Рита наводно го променила презимето во Ваитити-Ора.

Инаку, двојката неодамна ги поттикна гласините за свадба по објавата на Таика Ваитити на социјалните мрежи. Режисерот од Нов Зеланд објави фотографија на која се гледа неговиот венчален прстен на левата рака.

Инаку, Рита Ора и Таики Вејтити беа во врска речиси две години, а претходно со години беа пријатели. Пејачката со косовско потекло претходно излегуваше со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со маорско-еврејско потекло беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Со неа тој има две ќерки, Матева Киритапа и Те Некоикаха.

09.08.2022 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега