Имала 83 килограми, а сега ослабела 20: Нина Бадриќ исфрлила една намирница од исхраната
Хрватската пејачка Нина Бадриќ порано била голем гурман, а сега се пофали дека значително ослабела и го донела својот изглед онака како што ѝ одговара.
Пејачката имала 83 килограми, а сега Нина има 63 килограми, ослабела 20 килограми бидејќи повеќе не јаде месо, решила да направи драстични промени.
– Престанав да јадам месо и се случија големи промени во мојот организам. Конечно сум задоволна со мојата тежина, но и се чувствувам многу подобро. Порано кога ќе изедев парче месо, морав да отспијам два часа, бидејќи бев изморена. А сега сум со енергија, мила и весела. Дури и масерката ми кажа дека тонусот на кожата ми е подобар. Навистина сум задоволна – вели Бадриќ за „Информер“.
Поп-ѕвездата признава дека на почетокот ѝ било тешко, но сега не може да поверува дека некогаш јадела производи од животинско потекло:
– Не ми беше лесно, бидејќи сум навикната да јадам месо и месни преработки. Но, кога по само неколку дена видов дека се чувствувам здраво и имам многу повеќе енергија, потребата и желбата за месо исчезна!
Таа истакнува кои други намирници ги исфрлила од исхраната.
– Веќе не пијам газирани пијалаци, а тестото го сведов на минимум. Понекогаш јадам тестенини или пита.
– Исто така, престанав да јадам и слатки. Но, кога баш ќе ми се пријаде чоколадо, јадам две-три коцки – искрена е пејачката.
Нина вели дека сега, повеќе од кога било досега, нејзиното мени вклучува здрави намирници:
– Јадам зеленчук во неограничени количини. Салатите се задолжителни со секој мој оброк бидејќи се одличен антиоксидант. Јадам и овошје секој ден, но умерено, бидејќи има многу шеќер. Во менито вклучив и супи од брокула, тиква и друг зеленчук. Ми годи затоа што ме заситува, а не се чувствувам подуено – рекла Бадриќ.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа