Без вода корисниците од улиците „Петар Драганов“, „Бриселска“ и „Софиска“
Поради дефект во шахта на улицата „Петар Драганов“ 4, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од оваа улица, како и од улиците „Бриселска“ и „Софиска“, информираат утрово од ЈП „Водовод и канализација“, Скопје.
Во соопштението се појаснува дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
28.12.2022 - 09:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа