Се појавија дефекти: Утре повеќе скопски општини и села ќе останат без струја
Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија од 9:00 до 14:00 часот, ќе останат корисниците од дел од с. Никиштани. (Општина Ѓорче Петров), од 8:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 64, 66 и 68 во Општина Центар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, од 11:00 до 12:00 часот, утре, без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. 5 во населба Визбегово, во Општина Бутел.
По добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, пак, РЦУК Скопје информира дека поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник ф – 1 цолл, на ул. Стив Наумов бр.77, утре, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Стив Наумов, Пролет, Тетовска и објектите на Амбулантата на МВР и Полициската станица во Општина Центар
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа